ВИДЕО: Тепачка на Правен факултет, со сила однесена кутијата со едвај десет гласа од членови на УМС?!

ВИДЕО: Тепачка на Правен факултет, со сила однесена кутијата со едвај десет гласа од членови на УМС?!
30.06.16   17:15

Прочитано : 2,829

Print This Article

Тепачка на Правниот факулет помеѓу студенти за кои од Пленумот тврдт дека се членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и студенти од Студентскиот Пленум, објави А1он.

Инцидентот настана кога групацијата која ги изведуваше овие студентски избори не успеа да собере студенти кои ќе гласаат за изборот на нов студентски лидер, па за да не се види срамот и дека немаат поддршка ја украдоа гласачката кутија.

Во тоа според Пленумот учествувале и лица од надвор како и студенти кои се диригирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. По инцидентот останаа расфрлани избирачките ливчиња кои не беа употребени за гласање, односно поради малиот или никаков одзив на студентите не беа употребени.

Студентскиот пленум ги бојкотира иборите зошто се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори но и поради политичката заднина на изборите на кои повторно власта сака да намести свои послушници.

– Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат.

– На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на
13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот, кажаа тие.

ВИДЕО: А1он

Дополнето:

(ВИДЕО) Студентски пленум: Погледнете како СПУКМ ги краде изборните кутии од избирачките места

  Категории: