(ВИДЕО) Студио 1: Граѓаните да пријавуваат, институциите повеќе да се ангажираат кога ќе забележат насилство врз дете

(ВИДЕО) Студио 1: Граѓаните да пријавуваат, институциите повеќе да се ангажираат кога ќе забележат насилство врз дете
11.07.18   20:50

Прочитано : 82

Print This Article
loading...
Studio

Сите три случаи – претепаното бебе, децата што загинаа во пожарот во Велес и бремената штитеничка од домот „25 мај“ имаат заедничка карактеристика, а тоа е дека имаме систем кој наместо да ги заштитува и јакне ранливите категории на граѓани, само им дава парична помош и не продолжуваат со никакви проверки, вели Драги Змијанац од Првата детска амбасада Меѓаши.

-Со трагичниот случај на трите деца што изгореа беше запален алармот дека социјалните служби не се на терен, не се доволно екипирани, немаат доволно капацитет да се справат со потребите на граѓаните и отпосле се ангажираат институциите, вели тој и додава дека за жал, медиумите се и аларматори и статистичари за овие жални настани.

Според професорката Орхидеја Шурбановска, не секој родител е способен да ја одигра таа улога, па затоа средината во којашто живеат тие семејства треба да препознае, а најважна е реакцијата на институциите.

-Треба да алармира секој што ќе го забележи насилството врз децата од страна на родителот, комшиите, не мора да биде социјален работник. Кој било што ќе забележи дека родителот врши насилство врз детето, дека го малтретира и го тепа, треба да реагира во центрите за социјална работа или во МВР, вели Шурбановска.

  Категории: