(ВИДЕО) Спасовски: Груевски е завршена работа, доаѓа нова одговорна Влада!

(ВИДЕО) Спасовски: Груевски е завршена работа, доаѓа нова одговорна Влада!

Одговори на новинарски прашања на Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа на СДСМ во ИЕ2:

 

Медиуми: Гром на одржаната прес конференција обвинија дека не можете во исто време да бидете министер за внатрешни работи и да се кандидирате во изборна единица 2? Ваш став?

Спасовски: Јас сум кандидат во изборната единица 2, носител на изборната единица број 2 и имам најдобра можна листа на кандидати за пратеници во Собранието и ќе извојувам убедлива победа во изборната единица број 2 без разлика што мисли ГРОМ или некоја друга од политичките партии.

Медиуми: Господине Спасовски еве делумно ги знаеме листите, ги знаеме носителите што велите какви се прогнозите?

Спасовски: Јас знам дека кандидатиските листи на СДСМ се онакви листи какви што ги очекуваа граѓаните на Р.Македонија отворени во коишто имаме и невладини организации во коишто имаме и интелектуалци во коишто имаме мноштво на политички партии. Toa e нешто што обединува наспроти разединувањето коешто го има ВМРО-ДПМНЕ во минатите 10 години. Целта ни е да ја обединиме Р.Македонија да стане економски просперитетна и во тој дух ако ги погледнете листите на сите политички партии коишто се претставени денеска пред граѓаните на Р.Македонија едно е јасно дека граѓаните ќе одберат живот во Р.Македонија.

Медиуми: Што велите за тоа дека Груевски отиде во изборната единица број 4? Какви се шансите таму со Заев?

Спасовски: Груевски ќе изгуби каде и да е, во било која изборна единица заради тоа што слушнавме за сите криминали за се она што го има направено како зло на граѓаните на Р.Македонија. Прашањето е мислам на проценка дека во изборна единица 1 би изгубил катастрофално за разлика со помала загуба ќе се најде во изборна единица број 4. Како и да е Груевски е завршена работа за Р.Македонија. Доаѓа ново време во Р.Македонија и нов начин на живот и нова одговорна влада!

Медиуми: Да ве прашам за овие заостанати плати што се, дали ќе има нешто за тоа?

Спасовски: Во однос на стечајните работници се обврзуваме дека веднаш после формирањето на Владата во рок од 100 дена ќе го донесеме Законот за стечајните работници за сите категории на стечајни работници во Р.Македонија.

Медиуми: Дали за оние под државна капа што се или и за приватните?

Спасовски: Значи за сите стечајни работници што произлегуваат од фирми од државна сопственост и коишто станале стечајни работници во изминатиов период, а за коишто оваа власт само ги злоупотреби со носење на нецелосни законски решенија ќе бидат обесштетени и ќе имаат месечен надоместок.