ВИДЕО: Скопјанка ги остави своите неподвижни родители во ходникот на Министерството за труд

ВИДЕО: Скопјанка ги остави своите неподвижни родители во ходникот на Министерството за труд
17.02.17   18:58

Прочитано : 3,959

Print This Article

Педесетгодишната скопјанка Сенада денеска ги смести своите неподвижни родители во ходникот на Министерството за труд и социјална политика бидејќи, како што вели, повеќе не знаела каде да се обрати за помош, пренесува Алсат-М.

Жената објаснува дека таа е невработена и со години се грижи за своите неподвижни родители за кои од државата не можела да добие пари за туѓа нега, ниту било каква друга помош. Објаснува дека не може ниту да ги однесе на лекар за да добие мислења за туѓа нега.

„Упат имам, земам упат за кај специјалист, таму морам да ги носам, а да ги симнам сама за на лекар не можам. Како да ги однесам на лекар кога сама живеам со нив. Немам никакви улови да ги однесам, немам ни такси да платам. Брза помош само ќе дојдат ќе ги видат и се враќаат назад.“ – вели Сенада Муриќ

Сенада вели дека со неподвижните родители живее на третиот кат во зграда во Чаир каде нема лифт. Единствени примања им се 10-тте илјади денари од пензијата не нејзиниот татко. Таа објаснува дека подолг период институциите ја препраќале од врата на врата. Се обратила и до Министерството за здравство и до општината Чаир, но и од таму не добила помош.

„…Оваа држава… зошто се институциите, зошто се домовите, зошто е Геријатријата. Ако не може таму, нека донесат луѓе да ги гледаат дома би профатила, ама да има помош. Јас да ги гледам неможам, да плаќам не можам, нека реши државата…“ – додава Сенада Муриќ.

Од Министерството за труд и социјална политика ни рекоа дека за проблемот на Сенада ќе се погрижи Центарот за социјални работи.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: