(ВИДЕО) Синот на сопственикот на „Џамбо“ летал со „поршето“ 250 на час: Исповед на мажот кој ја загуби сопругата и детето!

(ВИДЕО) Синот на сопственикот на „Џамбо“ летал со „поршето“ 250 на час: Исповед на мажот кој ја загуби сопругата и детето!
28.02.17   21:34

Прочитано : 5,772

Print This Article

Младиот син на грчкиот милионер изгубил контрола на „поршето“ излетувајќи до автопатот меѓу Атина и Делфија и се заби во паркиран автомобил. Во страшната експлозија која ја забележаа безбедносните камери загинаа четири луѓе.

20170228175521-1

Георге Вакакис (24) син на сопственикот на продавниците Џамбо и неговиот совозач останале мртви на самото место, како и 33-годишната мајка и нејзиното дете кои биле во „хондата“ паркирана покрај зградата.

Снимката која веднаш се прошири на интернет го прикажува „поршето“ кое со брзина од 250 на час се заби во хондата, а ударот бил толку силен што двете возила удриле во зградата и експлодирале.

Сопругот (41) на загинатата жена се запрел на паркингот како би отишол во тоалет, кога „поршето“ се залетало во неговата хонда.

Ја видел сцената и веднаш истрачал од тоалетот врескајќи, но неговото семејство веќе го проголтале пламените јазли. Се обидел да им помогне но не успеал, и покрај шокот успеал да ја повика полицијата и пожарникарите.

Сопатникот на синот на сопственикот на Џамбо е исфрлен од автомобилот при ударот, но починал од повредите, додека синот Георге починал на лице место во автомобилот.

Вакакис бил во Грција во посета на своето семејство во текот на краток одмор од своите студентски обврски во САД.

Полицијата покренала истрага и утврдила дека „поршето“ летало 250 километри на час што е дупло повеќе од дозволените 120 км/ч.

Вакакис помладиот бил сметан за иден наследник за царството на неговиот татко кое вклучува повеќе од 80 продавници ширум светот од кои 52 се во Грција.

Во 2015 годишната добивка на Џамбо е проценета на 568 милиони евра.

Извор: Фактор

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: