(ВИДЕО) Шилегов: Не ги примив децата да ми пеат верски песни, организаторите ќе платат за автобусите

(ВИДЕО) Шилегов: Не ги примив децата да ми пеат верски песни, организаторите ќе платат за автобусите
8.01.18   18:36

Прочитано : 1,626

Print This Article
loading...

Иако вчера градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека Градот Скопје излегол во пресрет на иницијативата со превоз на децата со автобуси, денеска по реакциите во јавноста за мешање на државата и религијата тој го даде следното појаснување:

– Градот Скопје нема никакви ингеренции во основните училишта. Споменатото здружение се обраќа до Град Скопје со две барања. Едното беше да ги примам децата како градоначалник на пеење коледарски песни и второто беше да ставиме на располагање дел од капацитетите на Градот во смисол на ЈСП. Како градоначалник на Скопје сметав дека не е во ред да примам деца и тоа не го направив. Како градоначалник сметав дека градот има капацитет и даде на располагање дел од автобусите, кои во текот на утрешниот ден ќе бидат преброени и ќе бидат фактурирани на организацијата или барателите на автобусите. Со ништо не беше нарушен уставниот принцип на секуларноста – изјави денеска Шилегов.

Извор: Макфакс

loading...
  Категории: