ВИДЕО: Се случи историската средба Доналд Трамп-Ким Џонг Ун, погледнете го првото ракување

ВИДЕО: Се случи историската средба Доналд Трамп-Ким Џонг Ун, погледнете го првото ракување
12.06.18   08:30

Прочитано : 737

Print This Article
loading...

Утрово во Сингапур се случи историската средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп и Ким се поздравија и се повлекоа на разговори во четири очи во хотелот Капела на островот Сентоса.

Тие разменија неколку зборови чекорејќи заедно на црвен тепих пред американско и севернокорејско знаме, што до скоро беше незамисливо, јавуваат американски медиуми.

Фокусот на средбата е прекинување на севернокроејската нуклеарна програма во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг

По средбата во четири очи меѓу американскиот претседател Доналд Трампи севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун , Трамп рече дека била „многу, многу добра“. Тој наведе дека ќе има „одлични односи“ со севернокорејскиот лидер.

– Ќе решиме голем проблем,голема дилема, изјавил Трамп, пренесоа американски медиуми. Средбата траела 48 минути.

Тие заминаа на состанок на кој ќе им се придружат претставници од двете делегации.

loading...
  Категории: