ВИДЕО: Позицијата на опозицијата за референдумот за името – анализа во „Студио 1“ со Димитар Димитров и Драган Лазаров

ВИДЕО: Позицијата на опозицијата за референдумот за името – анализа во „Студио 1“ со Димитар Димитров и Драган Лазаров
11.09.18   10:28

Прочитано : 125

Print This Article

Контрадикторно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е против референдум во врска со Договорот за името, кога тоа го има во својата платформа, вели проф. Димитар Димитров, филозоф, но и еден од основачите и поранешен потпретседател на партијата.

-Отстапува од духот на времето и од геополитичкиот и стратегискиот контекст. Премногу се потенцира партиската припадност и практично се робува на еден дискурс кој го имаме во Македонија од независноста. Поврзувањето на едната партија со минатото ВМРО, на другата со Сојузот на Комунисти ни направи лоша услуга, фингирана идеолошка конфронтација, а имаме нова ситуација, нова реалност, независна Р. Македонија. И што е најлошо, тој фингиран идеолошки судир произведе недржавнички практики, што доведе до тоа раководството на партијата да биде обвинето како злосторничко здружение, смета Димитров.

Според адвокатот Драган Лазаров, опозицијата нема изградено став, туку официјално ќе го соопшти на самиот финиш, пред одржувањето на референдумот. Тој се надева дека ќе преовладе разумот и ќе се сетат дека главен промотор и основна определба на опозицијата како десничарска партија беше евроатлантската интеграција.

-ВМРО-ДПМНЕ е и отсекогаш била прозападна партија, таа ги воспостави длабоките врски со нашите традиционални западни партнери, САД и ЕУ, го почна и го трасираше најголемиот дел од патот кон ЕУ. Владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ до 2010-2011 стигнаа најнапред во европската интеграција, вели тој и додава дека во самиот статут на партијата како врвна определба стои интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, а во моментов констелацијата на силите и одговара на ВМРО-ДПМНЕ како десничарска партија.

Професорот Димитров смета дека причината за оваа конфузија е тоа што партијата усвоила статут со кој се оддалечила од европските текови.

Погледнете повеќе во видеото:

  Категории: