ВИДЕО: По завршувањето на протестот, „шарените“ запрени од полицајци во цивилка

ВИДЕО: По завршувањето на протестот, „шарените“ запрени од полицајци во цивилка

Откако заврши денешниот протест, активистите на Шарената револуција беа запрени на крстосницата кај Соборниот храм од полицајци во цивилка, кои сакале да ги легитимираат.

Откако активистите почнале да снимаат со своите мобилни телефони, полицајците се повлекле.


„Еве како функционираат режимските послушници кои секојдневно непотребно не малтретираат. Чавков, не ти се плашиме… ќе ви шараме се по список! Да живее ‪#‎ШаренатаРеволуција‬“, порачуваат „шарените“.

Инаку, вчера активистот Павле Богоевски заработи прекршочна пријава за сторен прекршок, односно за „четворката“ која со боја ја напишаа пред Триумфалната порта.

Токму едно од барањата од ултиматумот на Шарената револуција е да престане притисокот и прогонот врз демонстрантите. Рокот е до сабота, 18 јуни.