(ВИДЕО) Петровска: Градежните активности на Талески обична предизборна манипулација

(ВИДЕО) Петровска: Градежните активности на Талески обична предизборна манипулација
17.02.17   19:32

Прочитано : 156

Print This Article

Изјава,
Наташа Петровска, координаторка на советничката група на СДСМ во советот на Општина Битола
Битола, 17.02.2017
Почитувани,

Се наоѓаме пред зградата на познатата гимназија во Битола – Јосип Броз Тито, каде веќе подолго време се работи на фасадата на училиштето.

Овие заштитни мрежи кои ги гледаме зад нас се овде повеќе месеци. Поради избрзаната интервенција од локалната власт, над 750 ученици во оваа гимназија со месеци учат без природна светлина.

Вакви услови за работа за наставниците и за учениците се едноставно недозволиви.

Оваа локална самуоправа која што е 12 години под ВМРО-ДПМНЕ на чело со Владимир Талески и 10 години на централно ниво имаше доволно време да санира вакви згради во периоди кој што се соодветни, не на сред школска година попречувајќи ја светлината а со тоа и нормалните услови за работа на учениците.

Ова што го прави ДПМНЕ во овај период го прави единствено за политички маркетиншки цели.

Јас сум убедена дека граѓаните ваквата прерачуната грижа на оваа власт ќе умеат да ја препознаат и на локланите избори ќе ја дадат поддршката за СДСМ.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: