(Видео) Павлевски: Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор

(Видео) Павлевски: Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор
13.06.18   12:33

Прочитано : 642

Print This Article
loading...

„Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор“, рече Стојан Павлевски пред новинарите кога кривичниот суд во Скопје го осуди на три години затворска казна за насилството во Собранието на 27 април минатата година.

Во казната ќе му се пресмета и времето поминато во притвор. Судијката образложи дека Павлевски прв влегол и се упатил кон пратениците и почнал да ги напаѓа поради што доби повисока казна од Цејо Георгиевски, кој беше осуден на една година и два месеца.

Павлевски, кој доби три години затвор, најави дека ќе се жали за висината на казната.

Извор: Макфакс

  Категории: