ВИДЕО: Незири прогнозира две Беси по конгресот, Касами негира

ВИДЕО: Незири прогнозира две Беси по конгресот, Касами негира
11.01.18   20:45

Прочитано : 341

Print This Article
loading...

Новинарот и аналитичар Џелал Незири вечерва на Топ тема на телевизија Телма прогнозираше дека по конгресот на партијата закажан за 24 февруари Беса ќе се подели на две партии.

Тој појасни дека скопското крило на Беса во кое се тројца од петте пратеници во Собранието, е против Касами и е поблиску до коалицирање со ДПА на Мендух Тачи а тетовското крило кое го поддржува Касами е поблиско со Алијансата на Села.

Биљал Касами кој се уште важи за претседател на Беса се надева дека партијата по конгресот ќе излезе пообединета, а ако тоа не се случи, тие што не се согласувале да си формирале нова партија.

Касами потврди дека ќе се кндидира за лидер на Беса на првиот конгрес кој ќе се одржи на 24 февруари и дека секој делегат кој има 10 насто од делегатите зад себе може да се кандидира за претседател. Тој уверуваше дека пратеничката група на Беса односно сите 5 пратеници (3 на скопското и 2 на тетовското крило) било договорено до конгресот да дејствуваат заеднички и да ги надминат во соработката поделбите во Беса.

Прашан што разговарале завчера со премиерот Заев, Касами рече дека случувањата во Беса воопшто не биле предмет на разговор туку дека тој со премиерот има чести средби за консултации.

Аналитичарот Незири пак смета дека премиерот Заев ќе почека да заврши конгресот па дури тогаш ќе одлучи со кој од поделените групации од Беса евентуално би преговарал за коалицирање и влез во владата.

  Категории: