ВИДЕО: НАТО е решение за ризиците за границата и отвора перспективи за интегрирана држава – Стево Пендаровски во „Уреднички брифинг“

ВИДЕО: НАТО е решение за ризиците за границата и отвора перспективи за интегрирана држава – Стево Пендаровски во „Уреднички брифинг“
13.07.18   23:30

Прочитано : 255

Print This Article
Stevo Pendarovski

Македонија доби покана од НАТО, иста каква што добиваат и другите земји, вели националниот координатор Стево Пендаровски. Алијансата секогаш кани два пати – првиот земјата да ги почне преговорите и вториот да стане полноправна членка. Македонија ги исполнува условите и треба само да ги заврши процедурите со договорот од Преспа кој зависи само од нас. Од сите членки добивме уверување дека ако се финализира преспанскиот договор, тие нема да прават проблеми, објаснува тој. Смета дека во интерес и на Грција е ние да ги завршиме процедурите побрзо, затоа што тамошните парламентарни избори може да бидат предвремени, а според некои анкети се очекува победа на опозицијата.

-Кога ќе завршиме ние со нашите фази, заклучно со уставните промени, прва земја која ќе го ратификува нашето членство во НАТО се очекува да биде Грција, вели Пендаровски.

Пендаровски вели дека се небулози шпекулациите со процентите за граѓани што се противат на влез во НАТО и ЕУ преку Договорот со Грција. Напротив, објаснува, уште пред да почне кампањата, анкети што не се нарачани од Владата покажуваат предност од 10 до 12 проценти за тие што се „за“ влез во НАТО и ЕУ под името Р. Северна Македонија. За опозицијата, Пендаровски смета дека не објаснила логично зошто е против Договорот иако е најдобар што може да биде. Од една страна, стандардна желба на секоја опозиција е да тврди дека власта не работи добро, но има и внатрешни политички проблеми кои се обидуваат да ги решат преку критика на Договорот, објаснува тој.

-Не можеш да направиш подобар договор. Ако сакаш да дојдеш на власт и ако мислиш дека ова е борба за власт, повели дојди. Како ќе владееш? Со држава која е надвор од сите структури? Која е комплетно изолирана? Не можам да видам кое ти е политичкото рацио? Зошто го правиш тоа, вели Пендаровски.

Тој смета дека опозицијата може да биде против на референдумот, но не смее да игра на картата да го бојкотира. Предупредува дека во случај тој да пропадне, ќе биде обврзувачки, но ако Македонија не влезе во НАТО, се отвораат безбедносни ризици од прекројување на границите во соседството, што се реална опасност и за нашите граници ако останат незапечатени, бидејќи балканските национализми се реалност на денешнината.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести