(ВИДЕО) Костадинов: Валандовчани ме инспирираа да ги отворам вратите за децата со попреченост

(ВИДЕО) Костадинов: Валандовчани ме инспирираа да ги отворам вратите за децата со попреченост
13.06.18   13:45

Прочитано : 295

Print This Article
loading...

По протестите во село Тимјаник против домот за деца со попреченост, градоначалникот на Валандово, кој отстапи простор за нивно сместување во неговата општина, во Студио 1 вели дека изреагирал врз основа на чиста емоција.

-Како општество, време е да реагираме многу побрзо и да праќаме вистински и правилни пораки за позитивни вредности кон кои треба да се стремиме. Сакав да покажам дека ние како општина ги отвораме вратите широко и сакаме да упатиме порака до сите што гледаат со страв и скептичност на процесот што го води Министерството за труд и социјална политика за еднакви шанси за сите, вели Перо Костадинов.

По вчерашниот ден и други градоначалници и општини го понудија своето гостопримство за згрижувачките домови. Костадинов апелира дека само во кохезија и со пружена рака ќе можеме да се менуваме како општество кон позитивни промени. Тој вели дека не ги обвинува жителите на Тимјаник, затоа што реагирале врз основа на страв и неразбирање, па затоа е добро што се спротивставиле двете страни, за да се отвори дебата и овие прашања да се решаваат со дијалог. Идејата да понуди место за децата со попреченост во општина Валандово вели дека ја добил од самите жители.

-Бев инициран така да постапам токму по реакција на граѓани. Ми се јавуваа блиски пријатели кои го понудија тоа како решение. Јас во тој момент не можев ни да го следам целиот настан во Тимјаник, но луѓе кои го следеле ме наведоа на тој чекор. Мислам дека општина Валандово е подготвена за тој исчекор, вели Костадинов.

Тој објаснува дека во Валандово веќе функционира дневен центар за лица со попреченост, а сега станува збор за згрижувачки домови во кои во помали групи децата ќе се деинституционализираат и подобро ќе се социјализираат.

loading...
  Категории: