ВИДЕО: Извршниот комитет му даде „виза“ на Груевски да почне преговори за нова Влада

ВИДЕО: Извршниот комитет му даде „виза“ на Груевски да почне преговори за нова Влада
11.01.17   21:41

Прочитано : 1,312

Print This Article

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска оддржа седница со која раководеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а централна тема беше претстојниот процес на формирање Влада.

gn

При тоа беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа, соопшти партиската служба заинформирање.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси. Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи. Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: