(ВИДЕО) Граѓани пет часа спасуваа истоштен коњ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје

(ВИДЕО) Граѓани пет часа спасуваа истоштен коњ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје

Граѓани, ветеринари и активисти на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ пет часа спасуваа два истоштени и прегладнети коња на улицата „Васил Ѓоргов“ во близина на ТЦ „Зебра“ во Скопје, објави „Макфакс“.

Едниот коњ, во видно влошена здравствена состојба, речиси пет часа лежел на улицата, а по 10 шишиња инфузија, коњот успеа да се исправи на нозете.

Здружението „Анима Мунди“ побара измена на Законот за благосостојба на животни со кои ќе се забрани коњски сообраќај во урбани средини.