ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Погрдни зборови и патриотски песни на протестот против решението за името

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Погрдни зборови и патриотски песни на протестот против решението за името
13.06.18   20:52

Прочитано : 3,853

Print This Article
loading...

Со скандирање „Заев предавник“ и „бесилка, бесилка“, пеење патриотски и песни со навредлива содржина, во центарот на Скопје се протестира против решението за спорот за името.

Демонстрантите запалија факели и пукаат мали експлозиви.

Пред Собранието стои силно полициско обезбедување и улицата од градската автобуска станица до поранешен Мекдоналдс е блокирана.

Иако на протестот повикаа навивачите на „Комити“, забележливо е поголемо присуство на постари лица,пренесе 1тв.

loading...
  Категории: