(ВИДЕО) Дуковски: Врховниот суд незаконски постапил за укинување на притворот за Кочан

(ВИДЕО) Дуковски: Врховниот суд незаконски постапил за укинување на притворот за Кочан
15.05.17   21:23

Прочитано : 630

Print This Article

Врховниот суд незаконски постапил при одлучувањето за укинување на притворот на Сеад Кочан. Вака адвокатот Сашо Дуковски за Алсат-М го коментира решението на судот. За него толкувањето дека Јавното обвинителство е надлежно за поднесување на такви правни лекови е неосновано.

„…Кога СЈО согласно законот по кој постапува има стварна надлежнот, сите правни лекови, вклучително и вонредниот правен лек, барање на заштита на законитоста се во нивни мандат. Бидејќи не е поднесено барање на заштита на законитоста од СЈО кое го води случајот, било кој друг да поднесе такво барање е недoзволено.“ – изјави Сашо Дуковски, адвокат

По укинувањето на решенијата на Апелациониот и Основниот суд, Кривичниот совет сега повторно треба да одлучување по барањето на СЈО за определување на мерката притвор за Кочан. Каква и да биде одлуката таа ќе биде подложна на жалби од незадоволните страни. Според Дуковски, доколку Врховниот суд направи анализа колку барања за заштита на законитоста за притвор кој е одреден поради опасност од бегство на лица кои се недостапни за прогонот, ќе се утврди дека досега притворот ниту еднаш не бил укинат.

„Ако се потсетиме, тој ист Врховен суд постапуваше по две претходни барања на заштита на законитост. Предметот на Едмонд Темелко, за незаконитоста, односно законитоста на неговото апсење. За случајот Костовски, кој склучи во еден предмет спогодба. Како тогаш за Врховниот суд беше основано барањето на СЈО и постапуваше по тоа, а сега во овој случај единствено надлежен е Јавниот обвинител. Тоа се двоструки стандарди кои немаат врска со правото.“ – вели Дуковски

Како што викендов објави Алсат М, укинувањето на притворот за сопственикот на „Трансмет“ се случил во петокот, кога се поништија домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, кој повеќе од два месеци не им беше достапен на органите на прогнот. Претходно, Кривичниот суд по барање на Специјалното јавно обвинителство го замрзна имотот и 3 сметки на бизнисменот Кочан.

  Категории: