ВИДЕО: Човекот што го влечеше претепаниот Села, лани го „бранеше“ Уставниот суд и најави - „еднаш треба да се решиме!“

ВИДЕО: Човекот што го влечеше претепаниот Села, лани го „бранеше“ Уставниот суд и најави - „еднаш треба да се решиме!“

Еден од напаѓачите на Зијадин Села, претседателот на ДР ДПА, кој со уште неколку лица го влечеше Села полумртов, низ ходниците на македонското Собрание, се препознава на една од снимките направени од камерата на ЦИВИЛ Медиа, на 15 март 2016 година, кога како еден од интервјуираните, изјави дека ќе ја брани Македонија од предавниците.

Напаѓачот на Села чиј лик беше на снимките на медиумите од Собранието, минатата година беше и еден од бранителите на Уставниот суд, кога се носеше Законот за помилување, со што на претседателот Ѓорге Иванов, му се овозможи да помилува лица поврзани со изборeн криминал, но и сторители на тешки кривични дела, педофили, дилери на дрога, силувачи…

Пред една година, на прашањето што ќе направи доколку дојде до конфликти, еден од напаѓачите на Села за ЦИВИЛ Медиа истакна: „И треба да дојде до конфликт, и еднаш да се решиме. Или ќе не биде – Македонци, или нема да не биде! Кога се работи за Македонија, треба да излеземе сите…“

Извор: ЦИВИЛ Медиа