ВИДЕО: Бунт во затворот Идризово поради страв од земјотресите

ВИДЕО: Бунт во затворот Идризово поради страв од земјотресите

По синоќешниот земјотрес во Скопје затворениците од најголемиот затвор во Македонија Идризово се кренале на бунт, пренесува Телма.

zatvor_4[1]

Почнале да викаат и да бараат да бидат пуштени од старата зграда на машкото одделение.

Ги молеле стражарите да ги остават да седат надвор пред зграда бидејки во тој дел од затворот има голем зид и нема можност да се бега. Стражарите се обиделе да ја смират ситуацијата но состојбата ескалирала.

Дежурните стражари го известиле директорот на затворот Живко Пејковски кој вечерта околу полноќ морал да дојде на работа. Разговарал со затворениците и ја смирил ситуацијата и им ветил дека нема да има опасност доколку има поголем земјотрес.

Но освен зидовите во затворот се проблем и вратите кои чуварите мора д аги отвораат една по една.

Катанци на решетките во келиите и затворските соби во скопските затвори шутка и идризово се огромна опасност за над 2000 затвореници кои во случај на земјотрес не може да бегаат на отворено.

Вратите се отвораат само со клуч и нема можност ниту систем на истовремено отворање на сите врати.

Скопските земјотреси затворениците ги преживеале панично и се во страв дека нема да успеат да излезат на безбедно оти чуварите нема да стигнат да ги отклучат сите катанци.

Брзината на отклучување на ќелиите најголем проблем е во затворот Шутка каде сите притвореници се заклучени со кратки паузи за прошетка.

Во затворот Идризово пак најризично е во машкото одделение бидејќи се работи за стара и руинирана зграда.

Затворениците стравуваат дека при поголем потрес зградата едноставне може да биде срамнета со земја.

Тука над илјада луѓе по првиот земјотрес масовно тргнале кон решетките да се спасат. Биле пуштени од чуварите во дворот на затворот.

По вториот голем земјотрес биле пуштени и жените. Најбезбедни во моментов се женскиот и старечкиот дел кои се на приземје и се посебни објекти.

Но и излегувањето во дворот од женското одделение е ризично бидејќи тој е мал и полн со шахти и јами.

Како треба да постапи раководството во затворите дали се предвидени протоколи во случај на елементарни непогоди од Телма побарале одговор од директорот на најголемиот затвор Идризово Живко Пејковски.

Во телефонски разговор тој ги упатил за појаснување и надлежност околу протоколите во вондредни ситуации да ја бараат Управата за извршување санкции.

Од таму директорката Лидија Гавриловска појасни дека законот за извршување санкции точно определил кој управува и раководи со затворот во секоја ситуација, а Управата е само надлежна да го контролира извршувањето на санкциите. Директорот Пејковски повеќе не сакаше да разговара бидејќи како што кажа бил на состанок.

Додека институциите и директорите си ја префрлаат одговорноста за постапките во случај на елементарни непогоди , затворениците стравуваат дека ќе останат заробени зад зидините и решетките без шанса да се спасат.