(ВИДЕО) Барџиева: Очекувано е барањето за спомениците кога ќе преземете личности од туѓа историја

(ВИДЕО) Барџиева: Очекувано е барањето за спомениците кога ќе преземете личности од туѓа историја
14.06.18   21:32

Прочитано : 993

Print This Article
loading...

Преименувањето на спомениците од проектот Скопје 2014 и појаснувањето дека станува збор за културно наследство од хеленистичкиот период е нормално барање иако не е вообичаено во толку сериозни договори како тој меѓу Македонија и Грција, смета историчарката на уметност и конзерватор Донка Барџиева.

-Двата споменика не заслужуваат внимание како вредност, но за она што значи упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ со внесување наследство коешто е туѓо, неавтохтоно и неавтентично за културните слоеви во Македонија е разбирливо, вели таа и додава дека самиот проект уште при изградбата во себе внел повеќе нивоа.

Историјата на уметноста многу јасно го дефинира нашиот простор и нашата историја и не само од основањето во АСНОМ 1944, туку и претходно, е градена врз основа на други личности и словенскиот карактер на населението, смета Барџиева и додава дека владата само со неколку одлуки направила упад во идентитетот и успеала да го подели народот.

-Кога се градат споменици од овој карактер, тоа се прави поради заслугите за државноста и сувереноста на оваа држава денес. Такво нешто нема. Од друга страна, беше очекувано, кога преземате личности од туѓа историја, да се јават револт и реакции од другата страна, и од кај соседите, вели Барџиева за 1тв.

Според неа, сосема е природно е и барањето на Грција да се прекине со употреба на знамето со сонцето од Вергина.

-Недозволиво е на јавни настапи да се користи знаме што не е наше национално. Ние имаме национално знаме, дали под притисок или на кој било начин, знамето го сменивме и имаме официјален симбол, објаснува Барџиева.

 

loading...
  Категории: