(ВИДЕО) Бајрам: Јас ги научив политичарите како да помитуваат за избори, како да ги добијат Ромите

(ВИДЕО) Бајрам: Јас ги научив политичарите како да помитуваат за избори, како да ги добијат Ромите
18.05.18   16:04

Прочитано : 370

Print This Article

Новиот партнер на Владата на Заев во парламентарното мнозинство, Амди Бајрам, во интервју за 1ТВ вели, тој е политичарот кој ги научил сите останати како да помитуваат за избори.

„Од 1995 јас сум ги учел политичарите како да се работи. Првиот виновник кај Ромите сум јас, цела јавност нека знае. Јас сум ги научил како да се подмитува, како да ги добијат Ромите. Од 95-та наваму. Во цела Македонија. Јас не сум ги подмитувал, ви кажувам за другите политички партии со кои сум бил во коалиција. Им давав на големите лидери инструкции…во тоа време имаше брашно, зејтин…Ром веќе не прима пари“, вели Бајрам.

Лидерот на Сојузот на Ромите од 94-та година речиси секогаш бил дел од владиното парламентарно мнозинство. Беше коалициски партнер на Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Никола Груевски, а сега и на Зоран Заев.

„Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас“, порача меѓу другото Бајрам.

Тој вели дека во парламентарното мнозинство има голема тежина и дека кога Никола Груевски го напуштил ВМРО-ДПМНЕ и тој излегол од коалицијата бидејќи не сака да соработува со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што тој не е политичар од негов ранг. До сега ги поддржал сите закони и смета дека бил клучен на СДСМ да не и биде изгласана недоверба на интерпелацијата поднесена од опозициската коалиција.

  Категории: