(ВИДЕО) Арсовски: „Бојкотирам“ не заслужува пари од државата за кампањата за бојкот

(ВИДЕО) Арсовски: „Бојкотирам“ не заслужува пари од државата за кампањата за бојкот
21.08.18   16:52

Прочитано : 1,105

Print This Article
референдум

Барањето на кризниот штаб за бојкот на референдумот, владата да им даде пари за финансирање на кампањата е проблематично по неколку основи смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Во изјава за 1ТВ тој вели дека доколку тоа беа парламентарни партии можеби и ќе се надеваа на некакви средства, но во ваков случај нивните барања се залудни. Арсовски смета дека јавните пари може да се распределат само на кампања „за“ или „против“. Од друга страна ова барање се коси со реалноста вели тој бидејќи Собранието не може да финансира две различни кампањи за референдумот.

– Имајте предвид дека Собранието има донесено одлука да се распише референдумот. Не може исото Собрание да финансира кампања за неспроведување на таа одлука. Тоа е исто како Собранието да донесе одлука дека ќе возиме само на зелено а потоа истот Собрание да финансира кампања „возете на црвено“. Така што во таа смисла, кампот „за“ и кампот „против“ најверојатно имаат право на јавни пари но „бојкотирам“ не бидејќи тоа се коси со веќе донесена одлука на Собранието, вели Петар Арсовски.

На одговор дали Јанко Бачев, Филип Петровски, Солза Грчева ќе добијат државни пари за кампањата ќе се чека до утре. Владата на седница ќе ги соопшти сите информации меѓу кои колку министерствата ќе пренаменат за потребите на кампањата. Бошњаковски во изјава вели дека институциите треба да следат како и од каде ќе се финансираат тие кои ќе водат кампања против или за бојкот.

– Во однос на референдумот и неговото спроведување, на сила е Законот за референдум, Државната изборна комисија веќе издаде и правилник и одредени упатства така што овие прашања би требало да бидат упатени кон ДИК. Тоа што можеме да кажеме е дека владата ќе ги почитува сите законски постапки во Република Македонија и се ние што ќе правиме ќ биде транспарентно, јавно објавено и се разбира отчетно кон граѓаните на Република Македонија, изјави Миле Бошњаковски.

Бошњаковски ја коментира и вчерашната изјавата на Бачев во која тој употреби навредливи зборови за албанците.

– На секого му е јасно дека референдумот нема да успее, сега само Зоран Заев и марионетската власт што седи тука во оваа зграда бара алиби за референдумот и го плшата народот. Веќе гледате дека американскиот народ Бејли, „шиптарските“ партии во државата почна отворено да кажуваат дека ќе има војна ако не успее референдумот, изјави вчера Бачев.

– Го осудуваме секој говор на омраза и секое ксенофобично однесување. Посебно тоа што се случи вчера од оние политички субјекти кои имаат задача да го бојкотираат задача да го бојкотираат референдумот, во нивната изјава. Ниту еден македонски политичар не употребил јавно на медиуми зборови кои се дискриминирачки за цела етничка заедница и ние тоа јасно и јавно го осудуваме како начин на израз, одговори Бошњаковски.

Портпаролот на владата, ги повика сите политички партии да се изјаснат по однос на оваа изјава на Бачев дали се согласуваат или ја осудуваат, а истовремено упати апел до сите институции да го разгледаат случајот и да постапат по овој случај. Инаку досега за потребите на кампањата за референдумот колку пари ќе даде, кажа само министерката Шекеринска која пренамени речиси еден милион евра од буџетот на одбрана.

Антонио Крстевски

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести