(ВИДЕО) Алаѓозовски: Министерството нема обврска да ги испитува апликациите за веродостојност, новинарите да го направат тоа

(ВИДЕО) Алаѓозовски: Министерството нема обврска да ги испитува апликациите за веродостојност, новинарите да го направат тоа
14.02.18   21:49

Прочитано : 428

Print This Article
loading...

Со распределбата на средствата во Годишната програма на Министерстовот за култура направена е најдобра проценка, а сите забелешки ќе се решаваме во жалбена постапка, е одговор на министерот за култура, Роберт Алаџозовски, на критиките дека Министерството паравело распределбата на буџетските пари нетранспарентно, со стимулирање на непознати фирми и нелојална конкуренција. Алаѓозовски во Топ Тема на Ваша страна на Телма сепак посочи дека доколку се покажат аномалии во одобрувањето на средствата тие ќе бидат испитани и корегирани, но оти Министерството нема обврска да ги испитува апликациите за нивна веродостојност и ги повика новинарите и јавноста да го направат тоа. Притоа тој нагласи дека ако некој од комисиите се огрешил дека ќе одговара.

„Во однос на неколкуте спорни прашања ќе направиме проверка“, изјави Алаѓозовски, додавајќи дека доколку има случаи на конфликт на интереси Министерствот е подготвено тоа да го корегира.

„Имаше само три слуаи на конфликт на интереси. Сашо Кокаланов јавно се повлече, Тони Васиќ и Ивана Васева се откажаа од двата проекти кои се на нивото на сите други поддржани проекти, нецели 60.000 денари“, изјави Алаѓозовски.

Во Топ Тема на Ваша страна тој најави дека од март ќе започне менување на структурата на Годишната програма на Минстерството за култура, но оти сегашната распределба на средствата се вршела според старата структура, наследена од претходната власт.

„Неможејќи да ја смениме Годишната програма, што ќе почнеме да го правиме од март, се обидовме само да ги отстраниме аномалииите констатирани во претходните години –финансирање на едни на штета на други. Се обидовме да дадеме насекаде т.е. направивме расејувачки буџет“, рече Алаѓозовски.

Според него Македонија има еден од подобрите буџети за култура во регионот, но оти внатрешната структура на буџетото е наследена, како и долгови.

„Ќе воведуваме повеќе агенциски и фондациски тип на работење“, најави тој.

Алаѓозовски одговори и на неколку прашања поврзани со конкретни проекти кои ќе добијат пари од Министерството. Едно од прашањата беше како е можно здружени на граѓани регистрирано за унапредување на ловот да добие пари за дури три проекти во вкупна вредност од 2 милиони и 400.000 денари. Според министерот проценка е на комисијата дека проектите со кои аплицирало здружението ги сиполнуваат критериумите за добивање средства. Според него не е воопштои спорно што здружение за унапредување на ловот добива пари за проекти од културата.

„Во културата не е пресудно како е регистрирано здруженето на граѓани. Сите имаат право да аплицираат“, рече Алаѓозовски.

Тој на прашањето за субвенционирањето од 100.000 евра за концерти на приватната продукција „Авалон“ за одбележување на нејзиниот јубелеј од постоењето одговори дека тоа воопшѓто не е спорно.

„Битен е јавниот и националниот интерес и тоа влегува во проценката зошто приватна и комерцијална фирма, како Авалон, добива субвенција. Продукциите немаат доволно средства да ги организираат концертите. Салите ни се мали и немаат комерцијална логика да организираат концерти. Авалон ќе вложи милион евра, а од нас ќе добие 100.000 евра“, рече Алаѓозовски. Притоа најави дека субвенцијата ќе се одрази врз цената на картите со нивно намалување.

Во делот пак на финансирањето на театарската дејност, тој е на став дека во земјава има премногу фестивали.

„Има преку 27 фестивали. Дали е тоа нормално во земја со два милиони жители? Имаме премногу фестивали“, рече Алаѓозовски.

Тој е на став дека дел од тие фестивали се приватни и дека не може да ги финансира државата и оти дел од фестивалите годинава ќе мора самите да преживеат.