(ВИДЕО) 3000 адвокати најавуваат блокада на сите институции. На Владата и даваат ултиматум од десетина дена

(ВИДЕО) 3000 адвокати најавуваат блокада на сите институции. На Владата и даваат ултиматум од десетина дена
8.03.18   20:17

Прочитано : 895

Print This Article

3000 адвокати во земјава најавуваат блокада на сите институции.  Доколку Владата ги одобри законските измени со кои им се даваат поголеми права на нотарите, а се одземаат ингеренциите на адвокатите, тие ќе почнат да штрајкуваат. Револтирани се оти во предлог измените не се опфатени нивните барања и со петиција ќе го информираат премиерот.

„За поголемиот дел од колегите, тоа е противуставно, првично и наjважно во уставот не стои дека нотарите може да бидат повереници на судот, ниту дека судската власт ќе се делегира на нотарите. Штрајк значи блокада на институции и без нас нема да се преземат постапки“ – вели Бојана Неткова адвокат.

Според скроените измени,  се фаворизираат нотарите, реагира адвокатската фела. Измените предвидуваат адвокатите да бидат тргнати од оставински постапки, кои ќе ги водат нотарите. Ова решение ќе удри по џебот на граѓаните, предупредуваат адвокатите.

„Тргнати сме од оставинските постапки и предвидено е тие да бидат водени од нотарите.  Тргнати сме од платни налози, да бидат составувани без адвокат. Се вракаат ингеренциите на нотарите да составуваат нотарски акти а нивната функција е писарска.“ – вели Павлина Зефиќ.

Денеска беше формирана работна група која ќе ја водат 17 членови. На Владата и даваат ултиматум од десетина дена да ги променат членовите во законот.  Од Министерството за правда, каде што беше одлучено да се менува законот за нотаријат велат дека не е се завршено и можно е да има промени во законскиот текст. Проследен со низа реакции, законот за нотаријат беше донесен пред две години вклучуваше задолжителното присуство на адвокат во определни постапки пред нотарот.

Минатата година  во Министерството за правда беше  формирана Комисија за изменување и дополнување на Законот за нотаријат, по што следуваа и новите измени со кои се брише членот донесен од пред само една година.  Според податоците од Централниот регистар кои ги објави тв 24, нотарите За последните пет години, вкупните приходи на сите нотари во земјава изнесуваат 90 милиони евра  и добивка изнесува 41 милиони евра.

извор: ТВ24

  Категории: