Велика Британија ќе воведе такса за работниците од ЕУ

Велика Британија ќе воведе такса за работниците од ЕУ
11.01.17   18:23

Прочитано : 458

Print This Article

Британската влада сака да воведе такса од 1.000 фунти за секој британски работодавец кој ќе вработи работник кој потекнува од некоја од државите-членки на Европска Унија.

2-London

Британскиот министер за миграција Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот парламент истакнал дека е можно воведување на такса за работниците од ЕУ.

Гудвил истакнал дека ќе има програми кои ќе дозволуваат работниците во земјоделието да добиваат краткорочни, сезонски договори за работа во Велика Британија.

Велика Британија веќе ги зголеми таксите за работниците од државите кои не се членки на ЕУ и тие ќе стапат на сила во април.

Работниците од 27 држави-членки на ЕУ сега имаат право да живеат и работат во Велика Британија, но тоа ќе се промени кога земјата ќе излезе од Европска Унија.

loading...

94389439834

21 неверојатна фотографија

направени во ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ!

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: