Утревечер, на Петровден, со настап на оперската певица Елена Мошук, свечен почеток на 58. издание на „Охридско лето“

Утревечер, на Петровден, со настап на оперската певица Елена Мошук, свечен почеток на 58. издание на „Охридско лето“
11.07.18   22:25

Прочитано : 324

Print This Article
loading...

Утревечер, од 21,00 часот, на атрактивниот простор од Античкиот театар, свечено, ќе биде отворено овогодинешното, 58. издание на мегународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“.

Од дирекцијата на фестивалот најавуваат спектакуларна вечер со концертот на светски познатата оперска певица од Романија, Елена Мошук.

Оперската дива Мошун ќе настапи заедно со тенорот Калин Братеску, исто така од Романија и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану.

Во очи на утрешното свечено отворање, денеска се одржа прес конференција во хотелот Инекс-Горица. Сузана Вренцовска, в.д. директор на „Охридско Лето“, рече дека. сè е подготвено за беспрекорна реализација како за Свеченото отворање, така и за останатите 40 фестивалски денови.

-Подготвени сме да ги пречекаме сите гости, да бидеме добри домаќини на над 800 врвни уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Нè радува и фактот што интересот за резервации посебно за Свеченото отворање е голем, додаде Вренцовска…

На прес конференцијата беше и оперската певица Елена Мошук. Таа рече дека и претставува чест што ќе настапи на реномиран фестивал како „Охридско лето“.
-За „Охридско лето“ немав слушнато и кога ја добив поканата истражував малку на интернет. Ме фасцинира богатата историја на фестивалот на кој имаат настапувано уметнички ѕвезди од светски калибар. Почестена сум што и јас ќе имам можност да настапам тука, напомена Мошук.

На репертоарот на отворањето на 58 „Охридско лето“ ќе бидат популарни италијански дела и француски арии. Подготовките кои траеја подолг период ќе финишираат со генерална проба вечерва на Античкиот театар.
Романскиот диригент Николае Молдовеану, исто така, се искажапозитивно за Охрид и фестивалот, рече дека е исклучително задоволен од перформансот и и квалитетот на Македонската филхармонија. Се подготвувавме интензивно во затворен простор, но настапот на отворено е нешто сосема друго.

– Вечерва, на последната проба, ќе го почувствуваме амбиентот на Античкиот театар каде верувам дека  утре вечер, публиката ќе ужива во избраните дела кои ги подготвивме за отворањето на фестивалот, додаде Молдовеану.

Уметниците кои ќе настапат на отворањето на „Охридско лето“ ги поздрави градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, кој најави дека градот ќе продолжи да го поддржува фестивалот.
-Како локална самоуправа отсекогаш сме го поддржувале овој фестивал, тоа ќе продолжи и понатака, затоа  што „Охридско лето“ е најпознатиот бренд кој го истакнува Охрид како културна дестинација во светот. – рече градоначалникот Стојаноски.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува во организација на Министерството за култура, а под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој и ќе го означи стартот на летото, по што во амбиентот на “Билјанините извори”, ќе приреди коктел за учесниците.

  Категории: