Утре протести за оставка на Иванов и одложување на изборите и во Штип

Утре протести за оставка на Иванов и одложување на изборите и во Штип

Здружението „Протестирам“ соопштува дека и штипјани утре ќе побараат оставка од Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија.

nema pravda nema mir protest

„Исто така, очекуваме повторно свикување на Собранието на Република Македонија и негова одлука за одложување на изборите на 5 јуни на неопределено време и ангажман за составување преодна влада која ќе ги спроведе потребните реформи пред одржувањето на кои било следни избори…

Македонија ризикува да влезе во нова, поопасна антидемократска провалија при која повторно ќе се фалсификува и силува нашата политичка волја. Поради тоа, избори на петти јуни не смеет да се поддржат. Собранието на Република Македонија на чело со неговиот претседател треба веднаш да ја увиди оваа ризична состојба во која се наоѓа државата, итно да се состане и да ги одложи изборите се до исполнувањето минимум неопходни услови за тие да бидат регуларни, чисти и фер. Во спротивно, ако тоа не се случи, не останува ништо друго освен активно да ги бојкотираме криминалните, наместени и однапред украдени избори“, пишува во прогласот на „Протестирам“.