Учителот му ја дупнал главата, директорката го бранела пред мајката на ученикот дека „ете, се случува и тоа“?!

Учителот му ја дупнал главата, директорката го бранела пред мајката на ученикот дека „ете, се случува и тоа“?!
20.03.17   17:36

Прочитано : 14,529

Print This Article

Седумгодишниот Б.С, второодделенец од училиштето Васил Главинов во Велес бил жртва на физично насилство од страна на професорот Д.К. од истото училиште.

17439873_628550687355047_1285099423_n

Според изјавата на мајката, Даниела Стефанова, нејзиниот син се спречкал со друго дете и учителот се впуштил да ги раздели по што силно го удрил нејзиниот син во тилот и го бутнал во ѕидот каде си го расекол челото.

– Го удрил син ми во главата од позади и тој заврши во ѕидот. Го носев и на шиење. Директорката не презема ништо вели дека тој бил солиден наставник и ова „ете се случило“. Јас и се развикав и ми вели „ако не ви се допаѓа професорот сменете го училиштето“. Ми велеше дека не сум била културна што не сум ја персирала – вели Стефанова за Либертас и додава дека учителот бил партиски заштитен веќе извесен период.

Стефанова пријавила и во полицијаод каде ја препратиле во Општината Велес, кај инспектор за школство.

– Што и да направиле децата, учител не смее така да реагира. Крајно е вонемирувачко, жално и неправедно. Самохран родител сум, работам во конфенција. Правам се за да има спокојно и среќно детство. Детето ми е жртва на насилство во училиштето – вели Стефанова.

Од училиштето за Канал 5 не дале конкретен одговор дали се точни изјавите на родителот.
Сепак тврдат дека стручната служба ќе разговара и со двете страни и со  останатите ученици за да дознаат како детето се здобило со раната.

„Се уште случајот не е испитан до крај за да можам да кажам што точно се случило. Сепак јас тврдам дека ситуацијата не е таква и треба да се испита и ќе се испита во текот на овие денови“ – изјави за телевизијата Лилјана Николовска Коцева – Директор на ООУ „Васил Главинов“

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o