Тврдокорните ќе го инсталираат албанскиот како единствен официјален јазик!

Тврдокорните ќе го инсталираат албанскиот како единствен официјален јазик!
18.03.17   16:23

Прочитано : 1,692

Print This Article

Тврдокорните вмрони се на добар пат да успеат во борбата против двојазичноста. Со тоа што како резултат на нивната борба единствен официјален јазик во Македонија ќе стане албанскиот! Сега откако им се приклучија ловџиите, рибарите, разведените, лечените алкохоличари и другите зависници од дроги, метани и пари, со сите земјоделски и градежни машини што им стојат на располагање, тие прераснуваат во сила пред која ќе се усерат најмалку сто, а можеби и двеста илјади Македонци, преостанатата, сакам да кажам, нормалност во оваа вукојебина, шлагот што се тресе врз дебелото говно од идиоти и ќе си ја дувнат точно во земјите што се обидува да ги извалка излеаната фекалија по улиците на македонските градови и села: Америка, Германија, Британија. Од друга страна, пред реката што носи се пред себе ќе се кретенизира и последното здраво суштество што нема да има време, пари или енергија да избега. Тука ќе останат старците и тешко болните луѓе и една релативно мала група локални бандити кои ќе се занимаваат со шверц на бензин во шишиња, цигари, апчиња со поминат рок и свеќи! Затоа што друг бизнис освен преживувањето и умирањето, нема да има. Откако ова ќе се случи, а ќе се случи во многу блиска иднина, ако нешто драматично не се смени, на албанските партии ќе им преостане да се состанат во Тирана или во Драч или во Саранда и да потпишат нова декларација во која ќе се договорат да го симнат македонскиот јазик од денарите, а денарите да ги заменат со леки.

trickovski

Македонецот се проектира себе си во митот, а митот се обидува да го оживее во стварноста, односно да го концептуализира. Се разбира дека во тие драматични дискрапанци меѓу вистината за себе и проекциите за себе, тој се појавува на сцената како трагичен губитник кој без причини навдор од себе, решил да си пука во нозете или да постапи како жабата од познатата метафора за слатката смрт на животинчето во бавно загревачката вода. Во сферата на реалната политика, дури и на новите постфактички политики, тој, ваков каков што е, нема никакви шанси затоа што не се однесува како политичко суштество туку како актер во сопствената драмска претстава.

Нема да згрешат оние што ќе речат дека Македонците протестираат против платформата на албанските партии. Но тоа не е центарот на вистината. Нема да згрешат и оние кои ќе тврдат дека ова се процесии за спас на Груевски и фамилијата, но во суштина демонстрациите се манифестации на незадоволството на Македонецот од самиот себе, со тоа што нив не ги доминира страста да освојат за себе подобри позиции, туку решението да се еутанизираат како историски и национален субјект со помош на сопствената идентификациска норма: вмро. На која, пак, таа еутаназија и е централна точка во историската мисија. Мислам дека потсвеста, а таа е тука главна, е опфатена со таа страст која на едно друго ниво се комбинира со неверојатната политичка и општа некултура, незнаење и неморал и дава навистина страшна самоубиствена потенција. Тие се опчинети со симболичното, ознаки, преамбули, уставно име, затоа што се чувствуваат хендикепирани во реалните процеси. Ги препуштаат тие процеси, а себе си се циркузираат на темите какви што се писмото на денарите. Неќеле децата да им учат албански, замислете, наместо тие да бараат да се учи албански затоа што тоа е елемент и на културата и на општествената компетитивност, неќеле да ја сменат крпата што се договориле дека ќе биде државно знаме и химната за некои типови што станувале од гробовите. Е па, океј, но свртете се малку, чукнете си ја главата, погледнете кај сте стигнале со таа филозофија, пребројте се, видете кој ве води, кој ви го доминира општиот наратив и дискурс!

Не сум ја читал студијата на Висла Сураска за распаѓањето на Советскиот сојуз, но од приказот на Бранко Милановиќ на порталот “Пешчаник” разбрав дека нејзината основна теза може да се смести во следниве реченица-две: Државната машинерија која ги почитува општо познатите и рационални правила не може да се воспостави ако постапувањето на власта е арбитрарно. А без таква машинерија проектот на модернизацијата е осуден на пропаст. Државата се поништува, а нејзините функции се преземаат со арбитрарниот процес на одлучување и со укинување на поделбата на власта. Така се покажува дека деспотизмот и анархизмот не само што се комплементарни туку се и неопходни еден на друг. Притоа авторката го нагасува моментот дека Советскиот сојуз е единствена империја која се распаднала без борба.

Можеме да најдеме нешто успокојувачко во фатот дека се распаѓаме според рецептот на еден Советски сојуз: деспотизмот, идолошки, партиски и личен, низ својата арбитрарност ја поништи нашата држава, тоа поништување завршува во анархија и хаос на кои им сведочиме и сега останува да видиме дали излезот од хаосот ќе биде некој нов деспотизам или државата ќе реши да се рехабилитира како нормална демократска држава!

И покрај се, јас сум оптимист.

Ќе ви кажам и зошто.

Хаосот не може да се трансформира во нов авторитаризам затоа што и за новиот авторитаризам како и за груевизмот, ќе биде неопходна меѓуетничка согласност, а таа повеќе никогаш нема да може да се формира околу таков концепт. Особено не околу Груевски и вмро- дпмне. Во овој формат тие се за сите времиња дискредитирани како злосторничко здружување, значи, не само како авторитарна структура која ја води државата во пропаст. Од друга страна хаосот е по дефиниција неодржлива состојба односно ако потрае може да заврши и ќе треба да заврши со меѓународна интервенција. Така што дилемата треба да се префрли на тоа дали Македонија сака да излезе од хаосот или ќе реши да се распадне. Јас мислам дека распадот е прилично нереална варијанта затоа што Македонија, сепак, е најмалку лошото решение за балканските геополитики. Тоа значи дека веднаш по изцрпувањето на вештачки создадената хистерија, излеаната река ќе се повлече во коритото и ќе почне бавниот и болен процес на рехабилитацијата на демократската држава. Се разбира, со поинтензивно и покатегорично вмешување на меѓународната заедница. Конечно, нема ништо поприродно од тоа една власт, еден режим, еден умислен диктатор, да го исцрпат своето историско време и да заминат. Јас знам дека тие направија партиско седиште како дека ќе владеат илјада години, обаче, мислам дека малку се пресметаа. Тоа е.

Бранко Тричковски

( Колумна во “Слободен печат”)

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: