Турција тврди дека Курдите не се повлекле целосно од сириски Манбиџ

Турција тврди дека Курдите не се повлекле целосно од сириски Манбиџ
16.07.18   12:40

Прочитано : 78

Print This Article

Турција тврди дека Курдите не се повлекле целосно од сириски Манбиџ

Припадниците на сириската курдска милиција (ЈПГ) не се целосно повлечени, туку се уште се повлекуваат од стратешкиот северен сириски град Манбиџ, соопшти Анкара.

Турција и САД минатиот месец најавија дека постигнале договор со курдската милиција да го напушти Манбиџ.

Воениот совет на Манбиџ, кого го поддржува Вашингтон, вчера соопшти дека припадниците на ЈПГ целосно се повлекле, додека турското Министерство за надворешни работи соопшти дека тие извештаи се преувеличени и не соодветствуваат со вистината.

Турското МНР наведува дека припадниците на ЈПГ се уште се повлекуваат од подрачјето каде патролираат турски и американски сили.

Според договорот постигнат во јуни меѓу Турција и САД, припадниците на ЈПГ треба да си заминат од Манбиџ.

Турција смета дека Единиците за заштита на народот – ЈПГ се терористи, додека Вашингтон ги поддржува затоа што милицијата се бори против Исламска држава во Сирија

  Категории: