Трамп: Немам ништо заедничко со Русија

Трамп: Немам ништо заедничко со Русија
11.01.17   17:27

Прочитано : 122

Print This Article

132831770

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Русија никогаш не се обидела да влијае врз него и ги обвини разузнавачките служби за објавените тврдења во медиумите, дека Москва има компромитирачки информации за него.

– Разузнавачките служби никако не требаше да дозволат протекување на лажни вести во јавниот простор. Последен истрел кон мене. Во нацистичка Германија ли живеам, истакна Трамп на првата прес-конференција по шест месеци.

Трамп и на Твитер напиша – „Русија никогаш не се обидела да влијае врз мене. НЕМАМ НИШТО ЗАЕДНИЧКО СО РУСИЈА – НИТУ БИЗНИС, НИТУ ЗАЕМИ, НИШТО НЕМАМ“.

Претходно и официјална Москва соопшти дека нема компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ниту за неговата ривалка Хилари Клинтон.

– Кремљ нема компромитирачки информации за Трамп. Тоа е тотално блефирање, апсолутно фабрикување, целосна бесмислца, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој додаде дека цел на таквите обвувања е да се нанесе што поголема штета на американско-руските односи.

loading...

94389439834

21 неверојатна фотографија

направени во ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ!

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: