Трамп на Ким му прикажал видео за идната благосостојба на Северна Кореја ако прифати денуклеаризација

Трамп на Ким му прикажал видео за идната благосостојба на Северна Кореја ако прифати денуклеаризација
12.06.18   15:18

Прочитано : 309

Print This Article
loading...

Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја, доколку земјата се согласи на откажување од нуклеарните амбиции.

Во видеото, кое потсетува на трејлер за филм, се говори за „двајца мажи, двајца лидери и една судбина“ и во него се прикажани фотографии на воени авиони и топови, додека нараторот на англиски и на корејски јазик наведува дека „новиот свет може денес да започне едно пријателство, почитување и добра волја“.

Ким во филмот е прикажан како централна фигура, која живее во клучен момент од историјата и може да стане „херој на својот народ“. – Дали ќе ја пружи раката кон мирот и ќе ужива во просперитет каков што никогаш не видел и во блескав живот или во вечна изолација, прашува нараторот во филмот.

– Тоа ние го измисливме. Му го покажав за време на состанокот кога се наближуваше неговиот крај и мислам дека му се допадна, изјави Трамп, кој попладнево од Синагпур отпатув за САД.

loading...
  Категории: