Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата

Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата
20.03.17   16:25

Прочитано : 126

Print This Article

Македонија треба да остане на патот кон Европската Унија и кон НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи, како и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, по приемот по повод Денот на франкофонијата.

timonie1-267x200-4

Тимоние рече дека се очекува да се формира влада и дека е важно „таа одлука да се донесе многу бргу, бидејќи земјата не може премногу да чека“.

– Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение за сегашното забавување на процесот на формирање влада – изјави Тимоние.

Прашан каков е неговиот став за платформата на албанските партии, Тимоние рече дека тој не е повикан да се произнесе по тоа прашање.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории:
view more articles

Останати вести