„Тесла“ ќе воведе целосен автопилот од август 2018 година

„Тесла“ ќе воведе целосен автопилот од август 2018 година
13.06.18   13:08

Прочитано : 159

Print This Article
loading...

Шефот на „Тесла“, Елон Маск ги откри плановите на компанијата да започне да имплементира комплетен систем за самоуправување (автопилот) во своите електрични автомобили уште во август оваа година.

Автопилотот досега се користеше, пред се, за подобрување на безбедноста во движење и маневрирање. Системот нуди функции како адаптивна контрола на патувањето, автоматско паркирање, предупредување за опасност и друго.

Во август оваа година. американскиот производител на електрични автомобили ќе ја лансира новата верзија на софтверот за автопилот „Тесла Вержн 9“, соопшти „Енгаџет“. Токму со излегување на оваа надградба ќе започне имплементацијата на комплетен автопилот во автомобилите на компанијата.

Сите електрични возила на „Тесла“, вклучително и „Моделот 3“, се опремени со хардверски компоненти за да работат со системот за самоуправување. Се разбира, распоредувањето на целосно опремен автопилот ќе се случува чекор по чекор.

„Тесла“, исто така, најави значително достигнување во развојот на својата инфраструктура за станици за полнење. Вкупниот број на инсталирани станици надмина 10.000. Неодамна, Маск исто така ги откри локациите на идните станици за полнење.

loading...
  Категории: