Тарчуловски – кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ

Тарчуловски – кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ
14.09.17   15:15

Прочитано : 729

Print This Article

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ја кандидира за уште еден мандат актуелната градоначалничка во општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.

Довербата за трката за локалните избори на 15 октомври партијата реши да му ја довери на Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија, поранешен хашки осуденик.

Тарчуловски можеше да се види и на снимката од отворањето на вратите на крвавиот четврток (27 април), а според телевизијата Алсат-М, тој давал насоки на група демонстранти каде може да ги најдат пратениците од парламентарното мнозинство. Тој го негираше ова.

Негов противкандидат од владејачката СДСМ е Филип Темелковски, претседател на ОО СДСМ во општина Кисела Вода.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести