Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација

Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација
11.07.18   19:49

Прочитано : 27

Print This Article

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази надеж дека во наредните денови Косово ќе добие многу добри вести од Европската унија во врска со визната либерализација,

Тачи во интервју за турската новинска агенција Анадолија изјави дека во моментот кога ќе стасаат добрите оценки ќе се отвори можноста и другите институции, како Европската комисија и Европскиот Парламент да ги потврдат достигнувањата на Косово

– Косово ги имплементира во целост критериумите за либерализација на визниот режим, изјави Тачи.

Интервјуто за турската агенција, кое го пренесоа медиумите во Приштина, косовскиот претседател го дал за време на престојот во Анкара, каде што присуствуваше на церемонијата за инаугурација на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

loading...
loading...
  Категории: