СВР Скопје: Официјална пријава за силување на куче нема. Апелираме, ако има сведоци, да пријават

СВР Скопје: Официјална пријава за силување на куче нема. Апелираме, ако има сведоци, да пријават
14.10.16   16:56

Прочитано : 400

Print This Article

Од СВР Скопје за Либертас изјавија дека во текот на минатата  недела не добиле официјална пријава  за силување на куче во Ќерамидница, за што вчера информираа од Здружението за заштита на правата на животните, Анима мунди.

msDks

-Проверивме и со полициската станица во Гази Ваба и таква пријава нема. Апелираме доколку има сведоци на на таков настан, веднаш да пријават и ќе постапуваме по пријавата – изјавија од СВР Скопје.

Вчера Анима мунди објави дека лице на возраст од 25- 30 години  минатата недела среде бел ден, од страната на Керамидница мачело и силувалп куче на кеј.

-По монструозното изживување врз кучето, влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар, Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето – беше наведено во сопштението на Анима мунди.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести