Свилановиќ – Во кибернетичката безбедност на Западен Балкан се детектирани слабости

Свилановиќ – Во кибернетичката безбедност на Западен Балкан се детектирани слабости
11.09.18   22:48

Прочитано : 187

Print This Article

 

Прелиминарните резултати на студијата за кибернетичката безбедност во регионот покажуваат слабости. Ова денеска во Блед го искажа генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, претставувајќи ги првичните наоди од студијата која треба да биде готова во септември а која на нарача РСС.

Зборувајќи на панелите посветени на безбедноста и на владеењето на правото на 13-тиот по ред Стратешки форум на Блед, Словенија, Свилановиќ подвлече дека повеќето агенции задолжени за оваа област пријавиле дека се ограничени со недостиг од финансиски средства, кадровски и технолошки ресурси, додека главна причина за загриженост во сите земји – одливот на мозоци, го пријавиле сите земји од Западен Балкан кои известиле за високи стапки на миграции на информатичките експерти, кои заминуваат главно во земјите од ЕУ.

„Кибернетичкиот простор е окосница на дигиталното општесто и економскиот раст, но инцидентите во подрачјето на кибернетичката сигурност можат да предизвикаат прекин на давање на најважните услуги и да ја нарушат довербата на населението во дигиталните услуги и производи. Се проценува дека кибернетичките напади секоја година ја чинат светската економија околу 400 милијарди евра“, рече Свилановиќ.

Тој, меѓутоа, како што соопшти РСС, предупреди дека безбедносните прашања не се единствено важни прашања врз кои треба да работи регионот и дека „треба да се занимаваме со сигурносните прашања како неодвоив дел од нашите вкупни активности во доменот на поврзувањето, мобилноста и конкурентноста во регионот“.

РСС е меѓувладино оперативно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа со седиште во Сараево, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија

Стратешкиот форум во Блед претставува водечка меѓународна конференција во Средна и Југоисточна Европа на која се собираат најразлични профили, вклучувајќи и шефовив на држави и влади, министри, дипломати, бизнисмени, академици и други, а е посветена на предизвиците со кои се соочуваат земјите глобално и регионално.

 

 

 

 

 

 

  Категории: