Светскиот експерт д-р Шимон Вдовински одговара на прашања за земјотресите во Скопје

Светскиот експерт д-р Шимон Вдовински одговара на прашања за земјотресите во Скопје

Водечкиот интернет портал за наука во Р.Македонија енаука.мк го контактираше водечкиот светски експерт д-р Шимон Вдовински (Dr. Shimon Wdowinski) кој ја застапува теоријата за можната поврзаност помеѓу големите врнежи и земјотресите и се надеваме дека неговата анализа на состојбата ќе даде барем мал допринос кон одговор на прашањата што не засегаат сите.

Д-р Шимон Вдовински е професор на интернационалниот универзитет Флорида и е автор на повеќе меѓународни трудови.

kora-1-1021x574[1]

Професоре дали сметате дека постои поврзаност на поплавата што го погоди Скопје есента 1962 со земјотресот од летото 1963?

Да, во секој случај тоа е интересна обсервација, мојата теорија за тоа дека поројните дождови може да бидат причина за земјотреси се однесува само на планинските региони на конвергенција на тектонски средини, каде две тектонски плочи се судираат.

Македонија се наоѓа баш во таква средина на конвергенција и како што можам да забележам епицентарот се наоѓа во релативно планинско подрачје.

Затоа е многу голема веројатноста да поплавата и ерозијата може да довеле до стрес во земјината кора предизвикувајќи катастрофален земјотрес.

Дали сметате дека е можно да се повтори земјотресот од 1963?

Веројатноста дека истата аномалија или неправилност во земјината кора што го предизвикала земјотресот во 1963 да биде можна причина за нов сериозен земјотрес е многу мала.

Повеќе на енаука на следниот линк.