Судски службеници на распит за аферата „двоен АКМИС“

Судски службеници на распит за аферата „двоен АКМИС“
13.07.18   20:14

Прочитано : 494

Print This Article
Akmis

Дваесетина судски службеници, меѓу кои и сегашниот претседател на кривичниот суд биле сослушани од обвинителството за аферата со местење на судските предмети.

Вработени од Основниот суд Скопје 1, каде што се детектирани најголемите злоупотреби, но и од Апелација и Врховниот суд објаснувале за „двојниот АКМИС“ и како се делеле предметите кај исти судии.

Случајот е се уште во предистражна фаза и нема осомничени, само се повикуваат сведоци и се собираат докази. До сега не биле повикани Панчевски, Михајлова, Неделкова и Вангеловски, клучните луѓе кои во периодот на злоупотребите ги водеа судовите.

Министерката за правда и официјално го објави извештајот на работната група која лани констатира неправилности со распределбите на предмети.

Во документот кој прво се водеше како доверлив, а потоа се направи декласификација нема посочено конкретни имиња на судии или случаи кои биле наместени. Констатирано е дека претходните три години грубо била прекршена процедурата на распределба на предметите и дека 860 предмети биле заташкани.

Со често менување на распоредот бил намален бројот на судии вклучени во автоматското распоредување на предметите и прераспределба на предмети од еден кај друг судија се констатира кај овој суд.

-При заведување на предметите во надлежност на судија на претходна постапка и на кривичен совет на одделите кривично полнолетни и организиран криминал, не се користел модулот за автоматска распределба на предметите во судот, не биле поднесени параметрите за автоматска распределба на предметите во сите претходно наведени уписници, а распределбата на предметите се вршела рачно за која поранешниот в.д претседател на судот Стојанче Рибарев ја нарече „дупли АКМИС“, се вели во Извештајот за АКМИС.

-Со честите промени на Годишниот распоред за работа на судот се влијае на составот на советите кои одлучуваат по предметите, што повлекува и рачна прераспределба на предмети. За распределбите постои писмена одлука од претседателот на судот , но истата не е во согласност со одредбите на Судскиот деловник. На овој начин случајниот избор на судија со автоматската распределба на предметите се суспендира и наместо случаен избор на судија се добива очекуван избор на судија, се додава во Извештајот.

Овој извештај подолг период се разгледува и во Судскиот совет чиј што претседател Зоран Караџовски се уште е на став дека содржи паушални и недокажани наводи.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести