Странските инвеститори го чинеа буџетот најмалку 150 милиони евра

Странските инвеститори го чинеа буџетот најмалку 150 милиони евра
31.01.17   11:20

Прочитано : 291

Print This Article

За привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите во последните десет години потрошиле најмалку 148,7 милиони евра, покажува деталното истражување на БИРН во сите завршни сметки на државниот буџет од 2007 до 2015 година, додека пак за 2016 година податоците се земени од последниот ребаланс на буџетот.

Пребарувањето поврзано со зборовите „странски инвестиции“ донесе резултати според кои најголем дел од народните пари за привлекување на инвеститори во земјава ги потрошиле двете главни државни институции за оваа намена, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Меѓутоа, за оваа намена трошеле и Министерството за економија и Владата. Дирекцијата за ТИРЗ, која што како таква постои од 2009 година, до 2016 година потрошила вкупно 71,2 милиони евра.

Од нив, речиси 48 милиони евра се потрошиле за изградба на технолошко индустриските развојни зони, 5 милиони евра за поддршка на инвестиции, а околу 18 милиони евра за функционирањето на Дирекцијата во што спаѓаат платите на вработените и набавки на стоки и услуги за тековното работење. Претходно во 2007 и 2008 година, за изградба на технолошко индустриските развојни зони се потрошиле 10,7 милиони евра, но преку Министерството за економија.

За годинава, за капитални инвестиции во овие 13 индустриски зони, дел од нив целосно изградени и подготвени за инвеститорите, а дел во фаза на изградба, предвидено е да се потрошат уште 4 милиони евра. Со тоа вкупниот буџет наменет за технолошко индустриските развојни зони, од 2007 година до годинава надминува 86,7 милиони евра. „Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони во моментов управува со три целосно функционални зони и тоа Скопје 1 и 2 во главниот град и ТИРЗ Штип во најголемиот град во Источна Македонија. За ТИРЗ Тетово е склучен договор за јавно приватно партнерство и во процес е имплентација на првите инвестициски проекти. Истовремено, единаесет други зони основани со цел да се постигне рамномерен економски напредок на сите региони во Македонија се во различни фази на развој“, пишува на веб страната на Дирекцијата.

pikto-2

истражувањето на Бирн во целост прочитајте го тука

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o