Столтенберг: Недозволиво е руското мешање против договорот за името

Столтенберг: Недозволиво е руското мешање против договорот за името
12.07.18   15:26

Прочитано : 213

Print This Article
loading...
Stoltenberg

Покажавме дека вратите на НАТО остануваат отворени со упатувањето покана до владата во Скопје да ги почне пристапните преговори, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во обраќањето на вториот ден од самитот.

Запрашан за вчерашниот случај со протерувањето на руските дипломати од Грција, поради мешање во внатрешни прашања на државата, поточно во преговорите за името, Столтенберг рече дека тоа е неприфатливо.

-Што се однесува до ПЈРМ, секое мешање од други земји е неприфатливо. Штотуку го поздравивме договорот меѓу Скопје и Атина. ПЈРМ доби шанса што се пружаа еднаш во животот да му се приклучи на НАТО под новото име Република Северна Македонија, рече Столтенберг.

  Категории: