Спасов во станица тврдел дека бегал од полицајците оти не бил сигурен во нив?!

Спасов во станица тврдел дека бегал од полицајците оти не бил сигурен во нив?!

Дополнителниот заменик министер за труд и социјала, Диме Спасов, и вечерва во полициската станица во Карпош дал исказ ист со верзијата која ја објавија куририте вечерва, односно дека го бркале, му тропале по возилото и му се заканувале па поради тоа морал да бега низ цело Скопје, дознава Либертас.

dime spasov

Запрашан а зошто тогаш побегнал и од полицијата која го застанала во Тафталиџе, наместо да им пријави дека го бркале, Спасов одговорил дека не бил сигурен и во полицијата и поради тоа се решил да се даде во бегство со трчање.

Инаку, според информациите на Либертас, Спасов и синоќа успеал да им побегне на Алфите со помош на Пасат со затемнети стакла кој го чекал во близина.

Слично нешто се случи и вечерва пред полициската станица во Карпош од каде Спасов им побегна на новинарите кои го чекаа со сив Фолксваген Пасат со затемнети стакла, најверојатно службено возило.