Спасов и институциите треба да одговорат барем на следните 8 прашања

Спасов и институциите треба да одговорат барем на следните 8 прашања
29.10.16   22:50

Прочитано : 5,049

Print This Article

Гебелс, Кемпбел и GMMB заедно не го ‘перат’ голобрадиот момчак Диме, а камо ли центарот за комуникации на белата палата!

kiril efremovski

Обидите за евтино и, вака глупаво спинување на скандалозното и незаконско поведение на јавен државен функционер член на ИК на ДПМНE, можеби се уште делуваат ефективно само кај дел од чипираното гласачко тело на врхушката од белата палата, но веќе дури и мнозинството од читателите и гледачите на куририте знаат дека Диме Спасов вчеравечер беше фатен пијан, а при обидите на полицијата прописно да ги евидентира и утврди причините за низата сообраќајни прекршоци, дотичниот се даде во бегство.

Затоа нека не не замајуваат сo соопштенија и нека одговорат на прес конференција (тој или тие). Јавноста треба да го види пред микрофони голобрадиот момчак, како јавен функционер, технички министер, какво е неговото објаснување за настанот. Спасов и повиканите институции треба да одговорат барем на следните прашања:

1. Дали Диме Сапасов имал патен налог за употреба на службено возило кое е сопственост на АВРМ?

2. Дали за истото возилот има договорот за отстапување меѓу Министерството и Агенцијата, или го управувал со лично полномошно од АВРМ?

3. Што правел со службено возило Сапсов во 23часот во градскиот парк, и дали сопатничката во возилото била службено или приватно лице?

4. Дали за двете оштетени возила на граѓани, Спасов ќе плати материјална штета од сопствен џеб?

5. Дали МВР ќе ги објави пријавите од граѓанинот кој се јавил и пријавил на 192 (сите повици се снимаат)?

6. Ќе покрене ли МВР постапка затоа што Спасов побегнал откако бил запрен од полициската патрола?

7. Дали Спасов ќе признае дека бил пијан, па заради спречување на утврдување процент на алкохол во крвта, побегнал од местото на настанот во Тафталиџе?

8. Дали треба да биде допуштено вакви јавни функционери и натаму да биваат плаќани од нашите пари, и при вакви моралното поведение и прекршување на законите?

Останатите прашања од приватна природа, за спорната ноќ, Спасов ќе треба да ги одговори на својата сопруга.

Кирил Ефремовски – Фејсбук статус

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести