Спасов даде исказ па им избега и на новинарите, го изнесоа тајно во возило со затемнети стакла

Спасов даде исказ па им избега и на новинарите, го изнесоа тајно во возило со затемнети стакла

Откако синоќа и избега на полицијата, вечерва успеа да им избега и на новинарите. Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов успеа да излезе од полициската станица во Карпош без да биде забележан од новинарските екипи кои го чекаа надвор откако дознаа дека дошол на распит.

14875900_10209526750623896_475011390_o

Тој беше изнесен во сив Фолксваген Пасат со затемнети стакла, најверојатно службено возило, за да не се соочи со камерите, фото-апаратите и незгодните новинарски прашања за тоа што правел синоќа.

Тој во станицата даваше исказ за синоќешните бркотници по скопските улици.

Спасов синоќа удрил 2 возила беснеејќи по скопските улици, па трчајќи и избегал на полицијата, а го пратил својот возач да лаже дека тој возел наместо него.

Откако цел ден го немаше, вечерва, пред да отиде во полициска станица тој доби поддршка и од куририте кои смислија цел филм – Спасов бил жртва, го бркале криминалци, сакале да го убиваат…. Повеќе за тоа прочитајте тука.