Советот за безбедност со резолуција која не ѝ нанесува вистинска болка на Северна Кореја

Советот за безбедност со резолуција која не ѝ нанесува вистинска болка на Северна Кореја
12.09.17   11:42

Прочитано : 91

Print This Article

САД сакаа сосема да ѝ ја затворат славината за нафта на Северна Кореја. Но, по преговорите со Русија и Кина, комплетното ембарго засега е тргнато од маса, пишува Дојче веле.


САД предложија нафтено ембарго, а изгласани беа само ограничувања во трговијата со сурова нафта и нафтени деривати. Исто како што се посакуваше забрана за патување на Ким Јонг Ун, а во омекнатата предлог-резолуција веќе немаше ни збор за такво нешто. Американците инсистираа и на замрзнување на сметките во странство што ги има севернокорејскиот диктатор, но откако се виде дека за такво нешто нема да има мнозинство и овој пасус беше изваден од предлог-резолуцијата. Впрочем како и сите останати работи кои навистина може да ѝ нанесат болка на Северна Кореја.

Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк едногласно донесе омекната резолуција, во која остана забраната за извоз за севернокорејската текстилна индустрија. Со тоа се согласија и Русија и Кина, двете сили заштитнички на режимот во Пјонгјанг, кои во СБ имаат право на вето.

Кина е најважниот сојузник на Северна Кореја, но и владата во Москва постојано го користеше правото на вето за да ја држи својата рака врз владетелот во Пјонгјанг. Западните сили имаа тешка задача да ја прикријат дипломатски сопствената беспомошност во Советот за безбедност. Амбасадорот на Велика Британија во СБ, Метју Рајкрофт, за предлог-резолуцијата во која веќе нема ништо што навистина боли, рече дека е „силна и робустна“.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата постигнаа согласност дека Северна Кореја со своите нуклеарни и ракетни тестови претставува опасност за мирот и безбедноста во регионот, беше соопштено по разговорот од Кремљ. Сепак, Москва и натаму отфрла преземање решителни мерки. Меркел за време на викендот понуди германска поддршка, односно посредство во наоѓањето на дипломатско решение за кризата.

  Категории: