Сопатничка повредена кога автомобил удрил во канделабра

Сопатничка  повредена  кога автомобил удрил во канделабра
16.04.18   13:24

Прочитано : 138

Print This Article
loading...

Сопатничка  на возраст од 24 години била повредена вчера во Кавадарци, кога автомобил удрил во канделабра. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека сообраќајната несреќа се случила на “Западен булевар“.

– Се работи за патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со кавадаречки регистарски таблици управуван  од Б.П.(23) од Кавадарци. Во незгодата била повредена сопатничката Е.П.(24) од овој град.  Лекарска помош и била укажана во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица – Кавадарци.

loading...
  Категории: