Сојлу ја појасни изјавата за испраќање на 15 илјади мигранти во Европа секој месец

Сојлу ја појасни изјавата за испраќање на 15 илјади мигранти во Европа секој месец
20.03.17   15:58

Прочитано : 153

Print This Article

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу даде појаснување на својата претходна изјава дека Турција би можела да испраќа секој месец по „15 илјади бегалци во Европа“, прецизирајќи дека ги имал предвид само „нередовните имигранти“, кои се обидуваат преку море да стигнат до други држави.

Оваа изјава Сојлу ја даде на 16 март во екот на дипломатската криза меѓу Турција и Холандија, која беше предизвикана од одлуката на Хаг да им забрани на турски министри за учествуваат во настани во земјата, со цел да агитираат во корист на уставните измени, кои ќе бидат ставени на референдум следниот месец во Турција.

– Дадов изјава изминатите денови. Реков: „Ако сакате, можам да ги отворам вратите и да ви испратам 15 илјади бегалци месечно“, рече тој и додаде дека неговите зборови биле извртени во корист на опозицијата.

Сојлу појасни дека не станува збор за бегалци, кои веќе добиле азил во Турција.

Министерот упати критика до опозицискиот весник „Џумхуриет“ дека ги извртел неговите зборови во однос на ова прашање.

– Она за кое зборував беа нередовните имигранти. Некои луѓе, кои не читаат и не пишуваат, а кои се нарекуваат пистатели, но не знаат ништо друго за светот и чии срца се полни со омраза си помислија нешто друго, додаде тој.

Во изјавата Сојлу кажа дека Турција во просек приведувала околу 15 илјади мигранти месечно во 2016 година во обид по море да стигнат до други држави.

– Ги нарекуваме нередовни мигранти. Би можеле да се повлечеме, да не ги приведуваме и да го отвориме патот за нивно испраќање во Европа, додаде тој

– Ние ја почитуваме спогодбата со ЕУ, но тие (Европа) не испочитуваа ниту еден член. Тие немаат намера тоа да го прават, бидејќи секојдневно си прават парични пресметки, додаде турскиот министер.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: