Собир „Македонија против насилство врз животните“ (12:30 Плоштад Македонија)

Собир „Македонија против насилство врз животните“ (12:30 Плоштад Македонија)
9.04.17   11:32

Прочитано : 114

Print This Article

Под мотото „Македонија против насилство врз животните!“ денеска на плоштад Македонија ќе се одржи јавен собир, во организација на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

133647956

Преку собирот организаторите бараат активности од надлежните институции за запирање на, како што велат, масовното труење на бездомните животни и  да се забрани слободната продажба на отрови.

„Анима мунди“ соопшти дека се расфрлаат отрови на шеталишта, покрај градинки и училишта и оти се врши синхронизирано труење на бездомните животни. Потенцираат и на случаи на застрелани и обесени кучиња.

Порачуваат итно да запрат таквите активности и да се преземат мерки за истрага и приведување на сторителите, кои, укажуваат, вршат повеќе прекршоци и сериозно кривично дело, казниво со казна затвор. – Потенцираме прашање е на време кога од отровите ќе настрада човек или дете зошто за жал во Македонија отрови слободно се купуваат и масовно злоупотребуваат, а за тоа никој не одговара! Се што се случува е резултат на институционалната некомпетентност, инертност и молк, наведуваат од „Анима мунди“.

Ги повикуваат министерствата за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и единиците на локална самоуоправа итно да постапат во рамки на сопствените надлежности и да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомни животни.

Фрлањето отров на јавни површини го осудија општина Центар и Град Скопје, од каде апелираа доколку се забележи појава на труење животни да се пријави во полиција на бројот 192, или во ЈП „Комунална хигиена“ (02 321 66 44) и во стационарот „Вардариште“ (02 820 13 57).

– Фрлањето отров и отровни материи на јавни површини со цел труење бездомни животни е крајно неодговорна постапка, претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно е и кривично дело, соопшти Град Скопје.

Градските власти истакнаа дека во изминатите две години двојно се зголемени капацитетите на стационарот за бездомни животни во Вардариште, со кој стопанисува ЈП „Комунална хигиена“. Објектот, како што информираа,  е изграден според европски стандарди и во него се сместени 48 нови боксови за сместување и хуман третман на заловените кучиња скитници, за што Град Скопје потроши околу седум милиони денари.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести